1008 hPa
68 %
17 °C
Скопје - Нед, 15.09.2024 16:00
Поетскиот глас на Игор го гради својот ритам помеѓу пцовките од една и ониричката благост од друга страна; во талкањето по ноќниот пат и сончевиот пејзаж на душата, во егзистенцијалниот процеп помеѓу кожната јакна - црна - која „мириса на д-мол соло бас. електричен“ и мекиот допир на дланката на белата кожа на жената.
Поезијата на Игор е резултат на двоен, спротивставен импулс: дружељубива е, населена со сеќавања на ситници, зборови и гласови, но истовремено е и осаменичка, способна храбро да се исчисти од спомените, и наместо вревата на моторот кој повикува на патување, да ја одбере тишината.
Последната книга на Игор - во Хрватска објавена по смртта на авторот - поседува редок, би рекле витмановски квалитет, а тоа е витализмот во пристапот на темата на умирањето.
Во „Стракови трева“ на Витман, зборот „смрт“ се појавува повеќе од двестe пати преку сведочење и контемплација, фантазија и трансфигурација. Смртта има коса од морска трева, меѓутоа, не е витмановска книга на програмски, туку на спонтан начин. Тестаментарните стихови на Игор Исаковски сведочат за вечниот живот како вечно кружење на енергијата на појавноста. Неговите стихови се егзистенцијално „точни“ и визионерски „погодени“, потврдени како со живеењето, така и со умирањето, доследни и искрени, исповедно-наративни - со самото тоа и вознемирувачки интимни - но и општи, утешни во општочовечката порака која им ја пружаат на читателите, заводливи во екстатичкото прифаќање на природноста на преобликувањето на материјалот на човечкото тело и дух во други облици на вибрантни постоења.
Извор: Booksa.hr