1026 hPa
53 %

7 °C
Скопје - Пон, 10.02.2025 17:59
„Никој не може некому да му забрани изборна кампања и договорот од Пржино не забранува активности, ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на СДСМ, или на која било друга политичка партија. Кампањата, како што знаеме, премиерот ја води континуирано... неговото појавување е секако негова одлука. Нема ништо конкретно околу самиот договор за водење на кампања. Точно, тоа е политичка кампања и тоа е заради изборите.“
Ако мислевте дека оваа изјава е всушност соопштение од ДПМНЕ во одбрана на постапките на премиерот после острата критика и закана од СДСМ - премиерот веднаш да престане со веќе видените популистички трикови и мерки, кои се спротивни токму на духот на договорот од Пржино и сите критики од странство за огромната партизираност и споеност на партијата и државата и да не се користат владините ресурси во предизборната кампања (извештаи на ОБСЕ, ЕУ, Прибе), бидејќи во спротивно СДСМ ќе се повлече од сите досегашни договори и нема да дозволи повторно да биде вовлечена во ваквата валкана игра на ДПМНЕ со користење на државата за партиско-личен популизам - НЕ, грдо сте се излажале драги мои! Ова погоре е изјавата на лидерот на опозицијата Зоран Заев како одговор за зачестените активности на премиерот Никола Груевски.
Нешто многу чудно се одигрува. Јас навистина не разбирам што побогу се случува и мојата скромна моќ за расудување ова не може да го разбере. Ви се извинувам однапред. Јас сепак имав поинакви очекувања, а можеби немам право ниту да ги имам. Како што веќе ми беше посочено од некои.
Во меѓувреме во извештајот на европските експерти предводени од Рајнхард Прибе се посочува ...голема загриженост за несоодветното раздвојување на државата од партиските активности, неуспехот на медиумите да направат разлика меѓу покривањето на државните функционери во нивните ангажмани како министри (премиери) и кандидати, придонесоа кон поткопување на линијата меѓу партијата и државата... За да се гарантира одвојување на државата од партијата, односно злоупотреба на државни ресурси за партиски промоции ...
Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Александар Јосифовски