Поранешен хомофоб: една година се преправал дека е геј за да ги искуси реакциите на околината

17.08.2015 01:41
Една година се преправал дека е

Американскиот писател Тимоти Курек, конзервативен христијанин и поранешен хомофоб, според негово сопствено признание, цела една година се преправал дека е геј за да ги искуси на своја кожа реакциите на околината.

Откако една пријателка му признала дека е лезбејка и потресно му раскажала дека ја исфрлиле од дома поради тоа, нешто во него се прекршило, па Курек пред три години се решил да го спроведе овој необичен потфат како дел од истражувањето за книгата The Cross in the Closet.

Од „човек полн со предрасуди и хомофоб“, како што се опиша, Курек појаснува дека на овој начин сакал да научи како да биде вистински емпатичен кон луѓето кои цел живот ги прогонувал. За тоа искуство и личното патување зборува во неговото TedX предавање, кое е најавено вака:

„По завршувањето на експериментот, успеал да ги промени не само сопствените ставови за хомосексуалците и сите кои се поинакви, туку и мислењето на неговото семејство и станал жив пример за библиската изрека 'бидете добри едни со други, милосрдни и простувајте си едни на други, како што Бог со Христа ни прости нам'.“

Извор: Pink News