1026 hPa
49 %

8 °C
Скопје - Вто, 11.02.2025 16:59
Скопје, 17 август 2015
Сообраќајната полиција претходните денови изврши засилена контрола на сообраќајот и во таа прилика е утврено дека повеќето возачи кај себе имаат барем 1.000 денари, дознаваат Пара вести од извор од МВР.
„Интензитетот на сообраќајот е секогаш зголемен во летниот период, што доведува и до зголемен ризик по сите негови учесници. За да влијаеме на безбедноста и да го намалиме борјот на прекршоци, припадниците на нашиот сектор делуваа превентивно и контролираа како возачите и патниците ги почитуваат сообраќајните прописи. За време на овие контроли е утврдено дека најчести прекршоци се некористење на појасот, пречекорување на дозволената брзина, возењето без вклучени светла, но и дека повеќето возачи со себе носат барем 1.000 денари“, велат од МВР.
Тоа покажува дека меѓу учесниците во сообраќајот расте свеста за потребата од носење готовина со себе, што во крајна линија позитивно се одразува на работењето на сообраќајните полицајци и општата состојба на патиштата.
„Ваквите мерки за контрола ќе траат сè до крајот на туристичката сезона и во оваа прилика ги повикуваме граѓаните пред да тргнат на пат, задолжително да проверат дали со себе ја имаат сета неопходна опрема и барем илјада денари во кеш“, велат од МВР.
Во склоп на акцијата, сообраќајната полиција ги контролираше и автомобилите со странски таблички при што е утврдено дека нивните возачи, без оглед дали се странци или македонски гастарбајтери кои доаѓаат во родниот крај, кај себе имаат најмалку 20 евра, шише виски некој парфем или штека цигари.
Извор: www.njuz.net