Разбудете се пред да биде ептен доцна! Некој ве мами, краде, лаже!

18.08.2015 10:36
Разбудете се пред да биде ептен доцна! Некој ве мами, краде, лаже!

Еве, повторно ќе кажам јасно и гласно: македонскиот народ е составен од глуперди и цепаници неделкани.

1. Зошто го мислам ова? Заради тоа што дозволува да биде краден, лажен, мамен, на грб да носи паразити кои му ја цицаат крвта, затоа што не се бори за своите права, затоа што дозволува секој што ќе дојде на власт да го понижува и омаловажува наместо да му служи.

2. Зошто е ова подобро отколку тврдењето на политичарите дека е мудар, паметен, дека се знае и дека не греши и дека е во право дури и кога греши? Заради тоа што оној кој ти кажува дека си измамен ти мисли добро. А оној кој те мами вообичаено ќарува од твојата наивност.

3. Зошто гласноговорниците на секоја власт го посочуваат ова како мој најголем грев? Заради тоа што кога некого ќе го полееш со ладна вода можеби ќе се разбуди и ќе разбере дека властодршците го туркаат во провалија. А тие сакаат да ги уљуљкаат граѓаните, да ги утуткаат во удобноста на ласките и да ги турнат во провалија, така убаво заспани, без да имаат шанси да се одбранат, да се спротивстават, да пробаат да се спасат.

4. Зошто е ова контрадикторно со тврдењето дека сакам да добијам политичка функција? Заради тоа што ниту еден политичар во ниту еден момент нема да им каже на своите потенцијални гласачи што навистина мисли. Напротив, секој политичар ќе им ласка на своите потенцијални гласачи, ќе игра на нивната суета (впрочем, нели суетата е еден од омилените гревови на ѓаволот) со цел да ја добие нивната доверба.

Значи, глуперди низаедни, цепаници неделкани, разбудете се пред да биде ептен доцна! Некој ве мами, краде, лаже! Дајте отворете ги очите и почнете да се соочувате со реалноста!

Дајте, испорачајте им ја сметката на тие кои би требало да управуваат во ваше име и за ваш интерес. Побарајте да одговараат за сите грешки, за лажењето, за мамењето, за крадењето. И менувајте ги и казнувајте ги сè додека не научат дека кога ќе дојдат на власт тоа не значи дека го фатиле Господа за брада, туку дека се под постојан надзор на оние кои ги избрале и дека газат по јајца кои во секој момент можат да им се скршат под нозете.

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слики: Peter Ferguson