Новиот економски манифест на нобеловецот Фелпс

20.08.2015 11:47
Новиот економски манифест на нобеловецот Фелпс

Што е, по ѓаволите, толку труло во економијата на западниот свет, се прашува во својот текст, во новиот број на The New York Review, американскиот економист, нобеловецот Едмунд С. Фелпс.

Дали економијата мора да биде ефикасна или праведна? Според него ова е едно од суштинските прашања од кое произлегува дека поголемиот број на граѓаните од развиениот свет веруваат дека капитализмот е неправеден. Тој не се согласува со британскиот економист Кејнес кој тврди дека со помалку работа се доаѓа до ослободување на човечкиот дух.

За да биде среќен, човекот сака да биде вклучен во развојот на општеството и сака за истото да придонесува, а не само да ужива и да се одмoра. Фелпс ламентира дека Европа останала без идеи, а САД ги зафатило успорување на продуктивноста. Тој го цитира Кабир Сехгал: „Парите се како крв, потребни ни се за да преживееме, но тие не се смислата на животот“.

Падот на Силицијанската долина го прикажува преку затворањето на книжарниците и продавниците за плочи, како и смртта на печатеното новинарство. Развојот на дигиталното не смее да ги замени иновациите во индустријата. „На планетата ѝ е потребна креативност и искра на иновација, а не сигурни работни позиции и удобен живот. Не акумулирајте, туку создавајте“, заклучува Фелпс.

 

Пет клучни тези

Facebook и Google можеби нудат креативни и добро платени работни позиции, но целата Силицијска долина создава помалку од три посто BDP и вработува уште помал процент на луѓе во САД.

Идејата пазарот да го контролира минималната цена на трудот, а државата за сиромашните да обезбедува социјален падобран е промашена. Луѓето сакаат повеќе од конзумеризам и одмор. Сакаат да учествуваат во развојот на општеството.

Граѓаните сметаат дека економијата е неправедна кога чувствуваат дека нивните деца нема да живеат подобро од нив и нема да се искачат на општествената скала.

Луѓето во напредокот се закочени од богаташите, поврзаните интереси, корпорациите, здруженијата, занаетчиите и синдикатите.

Добар живот за модерниот човек значи креативна работа која претставува предизвик, која носи ризици, со која се стекнува искуство, работа поради која ќе биде материјално награден и ќе стекне голем спектар на знаења.

Човекот мора да може да работи едноставни работи за мала плата, да може да се издржува и да го задржи своето достоинство. Денес, таа инклузија е невозможна. Младите Афроамериканци во САД и Франција, како и Ромите во ЕУ се најдобар пример за тоа.

 

Големи изуми на обичните луѓе кои во денешниот свет не се можни

Џорџ Стивенсон (неписмен човек) ја измислил парната локомотива. Џон Дир (ковач) е изумител на челичниот плуг кој може да навлезе во збиено земјиште и да подготви за обработка. Исак Сингер (инженер) ја измислил машината за шиење. Томас Едисон (човек со скромно потекло) е предвесник на грамофонот. Браќата Огист и Луј Лумиер го измислиле кинематографот. Флоренс Најтингејл ги реорганизирала болниците...

Слики: Џејкоб Лоренс, „Тhe Builders“, 1947.

Извор: Globus

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото