1022 hPa
100 %
5 °C
Скопје - Чет, 05.12.2024 10:42
Ќе ми објасни ли некој за кој крив курац ние ќе правиме споменик на Мајка Тереза од 6 милиони евра?! Оставаме бремени жени и деца да гинат позади бодликава жица и ги гушиме со шок бомби, а во исто време правиме споменик на жената која лечела лепрозни цел живот за без пари?! Има ли бре лек за нас?!
Брееееј, цел ден окапав на Фејсбук расправајќи се со цела сурија шешељовци кои извадиле тоа курињата и дркаат ли дркаат на фактот што нашата полиција и војска отишла да ги гази бегалците на јужната граница, и со тоа да ја чуваат оваа библиска земја од нечистите стапала на тие гадови од Сирија, Либија и кој знае од каде...
Значи, оставаме бремени жени, деца и болни да умираат на 40 степени и кукаме како ние сме немале пари за фрлање за супа, чај и лепче за овие гревови, а во исто време во Скопје правиме споменик од 6 милиони евра за мајка Тереза, која лечела цел живот лепрозни за без пари?!
Има ли степен на некоја скала за лудост која може да ја долови нашата шизофренија и немање два грама мозок во нашите лејки празни, шашардисани, забегани, изветреани од омраза и од површност и слепило изгорени и уништени?! Уа, гадови едни фашизоидни расипани!
Па за кој кур бре ги одржуваме оние ебени Струшки вечери на поезијата, за кој кур викаме поети од цел свет и пуштаме бели гулаби за мир во светот?! Зошто се сите оние над 1.000 цркви во земјава, зошто се тие концерти од сите културни лета, ако ние како нација сме толку себични, злобни и нечувствителни за туѓата мака?!
Па, значи, сите тие големи зборови за хуманизам, мир во светот, културен натпревар, соработка, љубов, подадена рака - сето тоа е гола вода, празни зборови, театар, глумење лудило?!
Извор: Мактел
Слика: Свирачиња