Американски национален иститут за рак: Канабисот ги убива клетките на ракот

25.08.2015 03:33
Американски национален иститут за рак: Канабисот ги убива клетките на ракот

Дилемата околу тоа дали марихуаната може да помогне во лечење на ракот или не конечно е разрешена. Американскиот Национален институт за рак (NCI), централната агенција на владата на САД за истражување на ракот, на својата интернет страница призна дека марихуаната ги убива клетките на туморот.

Тоа е информација која е достапна за сите, на страницата на NCI, во рубриката прашања и одговори за канабисот и канабиноидите. NCI пишува дека студиите кои се спроведени врз глувци и стаорци покажале дека канабисот - односно неговите активни супстанци THC и CBD - навистина ги убиваат клетките на ракот.

Канабисот лечи рак?

„Студиите спроведени врз глувци и стаорци покажуваат дека канабиноидите можат да го ограничат ракот на туморот предизвикувајќи смрт на клетките на туморот, блокирајќи го нивниот раст, како и спречувајќи го развојот на крвните клетки кои му се потребни на туморот за да расте. Лабораториските студии и студиите извршени врз животни покажуваат дека канабиноидите можат да ги убијат клетките на ракот и истовремено да ги штитат нормалните клетки“, се наведува во објавата на страницата на NCI.

„Една лабораториска студија покажа дека делта-9-THC ги убива или оштетува клетките на ракот на црниот дроб. Истата студија спроведена врз глувци покажа дека постои дејство против туморот. Делта-9-THC предизвикува таков ефект дејствувајќи на молекулите кои исто така можат да се пронајдат во клетките на ракот на белите дробови и ракот на дојка“, пишува на интернет страницата на оваа американска владина агенција.

На истото место може да се дознае и дека една студија спроведена врз глувци покажала дека канабиноидите можат да го намалат ризикот од рак на дебелото црево, а можеби и да се користат за третирање на оваа болест. Исто така, студиите на клетките на ракот на дојка покажале дека „CBD предизвикува смрт на клетките на ракот додека истовремено речиси и нема ефект на нормалните ќелии на дојките“. Студиите врз глувци заразени со клетки од рак на дојка покажале дека CBD може да го намали растот, бројот и ширењето на клетките на туморот.

Ја прават хемотерапијата поефикасна, го поттикнуваат апетитот и ја намалуваат болката

Понатаму, NCI на својата интернет страница пишува и дека лабораториските студии покажале дека CBD, ако се конзумира истовремено со хемотерапијата, може да ја направи поефикасна и да ја зголеми смртноста на клетките на ракот без да влијае на нормалните клетки. Испитувањата спроведени врз глувци покажале дека CBD заедно со делта-9THC ја прави хемотерапијата поефикасна. Исто така, NCI пишува дека бројни студии покажале дека делта-9-THC, како и други канабиноиди, го поттикнуваат апетитот и ги олеснуваат болките кај многу пациенти.

Извор: www.cancer.gov