Шесто издание на фестивалот БОШ: Дојди и заБОШоти!

27.08.2015 10:38
Дојди и заБОШоти

Доколку се сметате себеси за доволно слободни и креативни, и пред сè, со широко отворена душа, Гевгелија е вистинското место за вас од 28 до 30 август 2015 година.

БОШ фестивал е еден од постарите алтернативни фестивали во републиката, фестивал кој 6 лета зрачи позитивна енергија! БОШ е светилник кој сигнализира дека нешто се случува во една мала средина гладна за настани надвор од шаблонот. 

БОШ постои и се случува поради волјата и ангажираноста на група млади луѓе од Гевгелија кои сакаат да променат нешто во својот град, а се соочуваат со класичните бирократски општински апсурди. Нешто не е во ред кога „празијади“, „пифтијади„ и разни други „-ЈАДИ„ се побитни од настани кои ги будат младите од пасивност и летаргија.

Годинешната програма ќе го задржи својот генерален курс, а тоа е да се понудат квалитетни форми и содржини на алтернативен креативен израз. Во текот на трите фестивалски денови (петок, сабота, недела), предвидени се бројни, off-mainstream содржини (професионални и аматерски), како на пример театарски претстави и перформанси, музика, поезија, филмови и видеоарт, изложби, работилници и други форми на интердисциплинарни и неконвенционални уметнички случувања.

БОШ Фестивал започнува на зајдисонце во ПЕТОК, 28.08.2015

19:00 отворање – поетско-театарски перформанс „Љубов.Суета.Почеток“ фрагменти од поезијата на Бошко Бозаџиевски

- Изложби:
„Вие“ Ивана Пирковска – концептуалистички проект,
„Излез“ Маја Џеповска – изложба на слики,
„Linescapes“ Лазар Дарковски – изложба на слики,
„Милиони се еден, еден е милиони“ Ања или Eва – изложба на фотографии и перформанс,
„Монотонија“ Мелани Димитровска – мултимедијална инсталација,
„Петорица локални фраери“Сали Ертунч – изложба на цртежи,
„Сензор за метал“Амир Карахасан – скулптура,
„Homo Homini Loopus Est“ Јасмина Главинче – скулптура
„Lull“ Иван Трајчев – слика
„Барок плус“ Фота (Џолев и уметностите) – изложба на фотографии

20:00 „Создавач на трагедии“ Тијана Митевска – филм
20:30 „Ќе има (ли) војна?“ Ивана Атанасова – театарски перформанс
21:00 „The Hip – Reality Overdrive“ Јане Алтипармаков – филм
22:00 концерти:

ПАЛИНДРОМ, Мк (live)
LMN DRPMTS, Gr (live)
Шурбе / Dj сет

СAБOTA, 29.08.2015

11:00 БОШ Rechargeable 1 (Сифулајски острови)
19:00 Дружба со мото клуб „3 Guns“ – Гевгелија
20:15 „Une Journee a Varsovie“ Kevin Bouvier – филм
21:15 „Trafic Life“ Игор Христов – документарен филм
21:50 „Мезанин π/5“ Ѓорѓи Крстески – поетски видео перформанс
22:00 концерти:
SUSIJAT, Мк (live)
I DUHOVI, Srb (live)
Новоградска / Dj сет

НЕДЕЛА, 30.08.2015

11:00 БОШ Rechargeable 2 (Сифулајски острови)
19:00 2Сложувалка“ – креативна работилница
20:00 „Ќе има поезија” – поетски настан
21:00 „Дом на млади – Штип“ Тања Симоновска – документарен филм
22:00 концерти:
FLAT 5, Мк (live)
CUL-DE-SAC со ДАРКО РУНДЕК, Hr (live)
Try2Fly / Dj сет

БОШ фестивал оваа година обезбеди кампинг простор; БОШ зона – Ресторан „Кај Мама“ – Гевгелија, непосредно до местото каде што ќе се случуваат настаните. Дадените цени и информации се апроксимативни, може да постојат помали разлики + или -. Ве молиме придржувајте се до правилото да не внесувате алкохолни и други пијалаци (освен вода) во просторот каде ќе се оддржува БОШ фестивал, ниту пак во кампинг зоната. Секое непридржување кон ова правило, ќе значи конфискување на пијалакот или отстранување од просторот.

Кампинг и цени

– Поставување шатор (дневна цена) – 100 ден.
– Туш (10-12 lit.) – 10 ден.
– Тоалет – бесплатно.

Пијалаци

– Пива (домашни, 0,5 lit.) – 80 ден. / (странски, 0,3 или 0,5 lit.) – 100 ден.
– Ракии (коњаци, вињаци, водки и остали тракатанци) – 60 ден. (+ 10 ден. сечено) / Виски – 150 ден. / Лозова – 40 ден.
– Сокови (овошни/газирани) – 60 ден.
– Енергетски пијалоци – 100 / 150 ден.
– Кафиња 30 / 50 ден. – Вода (обична / газирана 0,25 lit.) – 30 ден.

Храна

– Готвени оброци (единствено преку ден) – 50-100 ден.
– Сендвичи –70 ден.
– Скара – 100-300 ден.
– Салати – 50-150 ден.

Инфраструктурно, исто така ќе има одредени новини, т.е. БОШ ќе се случува на нова локација во Гевгелија - Ресторан „Кај Мама“
ул.„Борис Кидрич“ бр.16 Гевгелија


Секако, тука не ни бега и БОШ Rechargeable на „Сифулајските острови“. Овие магични „острови“ се од големо значење за сите БОШ гости и учесници бидејќи - Сифулајкап’лне! Сифулајкап’лне истрошана влажност на коажта, очте и ак’лут. П’лне и дуп’лнаве љубов, ќејф и топличко на душта. Она гуп’лне вирут, вирут а п’лне свежинта, свежинта на п’лненас, ниа ѓи п’лниме ќесиинта су музика, пивце, к’лбаски, војчка и ваздух… И БОШ са п’лне су кувет и другарл’к. Сифулајка не п’лне мобилни, таблети, бензин и п’ртуфели. Она п’лне батерии. Психосоматски батерии!

„Арт Еквилибрум“ има своја јасна политичка агенда во однос на културата и уметноста која ја спроведува  низ годиниве, и која на наше големо задоволство, покажа опипливи резултати барем во Гевгелија (независно дали тоа некој сака, или пак може да го види). Затоа и уште од самите почетоци БОШ фестивал никогаш не одредил цена за некое дело или изведба, т.е. сите настани отсекогаш биле бесплатни. Цениме дека во нашиов моментален општествен контекст, тоа е навистина излишно.

Сите настани ќе бидат бесплатни, но донациите ќе бидат добредојдени.

БОШ е „инвазија врз духот“, акт за маркирање на културно-естетска, „слободна територија“! БОШ е и фузија и конфузија, и сензибилизација и вулгаризација! 

БОШ е меѓупростор кој поврзува, во потрагата по своето време и потреби...

Не смееме да заборавиме дека годинава БОШ Фестивал се самофинансира, и покрај сите искушенија, БОШ ќе се случи! Со помош и поддршка од пријателите на БОШ фестивал, изминатите месеци се организираа неколку донациски забави низ повеќе градови низ Македонија што е едно тотално ново и позитивно искуство и за нас самите.

ОкоБоли главаВицФото