Патеката за точаци по кејот на Вардар е во најлоша состојба од нејзиното постоење

31.08.2015 12:40
Патеката за точаци по кејот на Вардар е во најлоша состојба од нејзиното постоење

Морам да кажам дека патеката за точаци по кејот на Вардар е во најлоша состојба од нејзиното постоење. (Точак по кејот возам уште пред да има асфалтирана патека - значи веќе 23-4 години.)

Прво, делот од Карпош 4 до Александар Палас е изоран, пак нешто се гради. Најлошо е под мостот кај Александар Палас, каде што со месеци тече од цевките за канализација. Делот после тоа, од Карпош до Центар, е некако поокеј. Но потоа нема начин да се приклучиш кон делот кон Аеродром! Толку осет да се нема од тие што го градат плоштадот по не знам кој пат - пак заградиле дел од плоштадот и ти никако не можеш да поминеш кон Кеј 13 Ноември, ни пешки а камоли на точак. Така што, мора фино-лепо да го носиш точакот низ скали, па пак да се качиш, па пак да се симнеш и така да продолжиш кон Аеродром.


А најчудни ми се луѓето од Аеродром/Ново Лисиче - си одат по патеката за ТОЧАЦИ, така што не знаеш дали се замислуваат себе си за точак или нешто друго е. А на крајот од патеката те очекува журка: едни батки стојат таму и пуштаат луѓе со карти; и се чудам, кој би купил карта кога местото смрди на гомна и други слични работи од Вардар. Тоа е.
Во Карпош, па, е обратно: имаш точаци и во делот за пешаци.

Извор: Фејсбук