„Јас сум Кејт...некогаш бев маж, а сега сум жена“

31.08.2015 15:26
Јас сум Кејт...некогаш бев маж, а сега сум жена

Кејтлин Џенер, во мигов најпознатата Американка, до неодамна беше маж – Брус Џенер, најпознат по третата сопруга позната по презимето на својот претходен сопруг, Роберт Кардашијан.

Светот е полн со луѓе кои никој не сака да ги фотографира – вели една од соработничките на неформалната средба кај Кејтлин Џенер, со сигурност најпознатата Американка во изминатите неколку месеци. Можеби нејзината слава сè уште не допрела до нас во толкава мера, но откако почна емитувањето на шоуто „Јас сум Кејт“ на кабелскиот канал E! Entertainment во недела навечер на сите наши платформи, на тоа не треба долго да се чека.

Во април оваа година споменатата дама имаше интервју за телевизиската икона Дијана Сојер, сопругата на покојниот Мајк Николс, и јавно објави дека го променила полот. Тоа не е мала работа. Таа претходно се викала Брус Џенер, а во 1976 година го освоила олимпискиот медал во десетобој во Монтреал и станала американска спортска икона, бидејќи пред тоа во таа категорија триумфирале главно советски атлетичари. Брус дури, наводно, бил во изборот за улогата на Супермен, кој за среќа ја доби Кристофер Рив, бидејќи неговите актерски обиди биле оценети како безнадежни.

„Vanity Fair“

Сепак, од неодамна имавме прилика добро да го/ја запознаеме пред камера. Негова трета сопруга била Кристен Хогтон, позната по презимето на својот претходен сопруг Роберт Кардашијан, со кој има четири деца, помеѓу останатите и познатата моделка, Ким Кардашијан. Брус ги гледал сите нив како свои, заедно со децата од претходните бракови, а најмногу од таа заедница профитираше шоуто на споменатиот канал E! Entertainment.

Во реалното шоу значително фигурира Брус, делува по малку феминизирано, но добро се снаоѓа во тоа претежно женско друштво. Испадна дека само ги проучувал финесите кои и самиот ќе ги применува кога ќе го промени полот. Интервјуто со Дијана Сојер испадна сензација, но уште поглема сензација беше насловната страница на „Vanity Fair“ со Кејтлин Џенер. Тоа беше првата трансродна личност на која списанието ѝ посветило такво внимание, а на фотографиите на кои се посветени неколку страници се потпишува славната Ени Либовиц.

Реалното шоу „Јас сум Кејт“ може да се оцени како експлоатирачка досетка, но работите не се толку едноставни. Несомнено, каналот E! Entertainment никогаш не би поставил фотографии со таков формат на некој маж кој со проституција заштедил за да го промени својот пол, но трансформацијата на Брус Џенер е нешто сосема различно. А и тој/таа не е сосема обична личност. Кога дури на 65 годишна возраст се одлучил на таков потфат (пред тоа се развел од Крис), одлучил да стане селебрити гласноговорник на ЛГБТ заедницата, без разлика дали тие го сакаат тоа или не.

Секако, каналот E! Entertainment имал сои барања. Така, во првата епизода која имавме прилика да ја видиме пред неколку дена, има извесна драмска напнатост кога кај Кејтлин на посета треба да дојде нејзината мајка. Старата дама наводно првпат ја видела (новата) ќерка после операцијата. Отпрвин била малку шокирана, но најверојатно и таа поминала десетина хирушки интервенции, само помалку радикални од оние на кои се одлучила Кејтлин.

Меѓутоа, телевизијата ја интересира нешто друго. Ја интересира кој како се облекува, што јадат и што пијат познатите, дали храбрата Кејтлин ја задржала својата машка облека и што ли уште не. Во финалето се појавуваат Ким Кардашијан и Кени Вест. Посвоената ќерка недвосмислено ѝ дели модни совети, домакинката се фали дека добила нови креации од Том Форд и Дијан фон Фурстенберг, но тонот на разговорот сепак не е толку тривијален.

Во меѓувреме Кејтлин контактирала со мајката на некое момче кое на 14 години размислувало за промена на полот и на крај се самоубило. Главната ѕвезда на реланото шоу – повторно наводно – го немала тоа искушение: таа е богата и славна и може себеси да си приушти што и да посака, па и нов трансродов идентитет. Но затоа не заборавила на илјадниците несреќници кои не се во толку комотна позиција. Или барем така тврди.

Втората епизода е уште поинтересна. Кејтлин повикува на гости неколку трансродни личности, воглавно писателки, актерки и активистки, кои и самите се донекаде зачудени од фактот дека на некое вакво дружење никогаш не биле опкружени со луѓе слични на себе.
„Ти не знаеш како беше тоа во 1995“, вели едната од нив, „кога тајно морате да набавите хормони“. „Да кажете дека сте трансродни, тоа беше како да сте се декларирале како проститутка“, признава другата, а вие тогаш сфаќате дека Кејтлин цело време живеела во некој друг свет. „Јас својата операција ја финансирав со сексуална работа“, одлучно се изјаснува третата и немате впечаток дека за тоа зажалила.

Реално шоу

Згрозени се од фактот дека ниту една позната личност сè уште нема трансродов партнер, но се тешат дека најверојатно и тоа ќе се промени во блиска иднина. Сите заедно одлучуваат да отпатуваат со приватен автобус во Сан Франциско, градот во кој се кријат одговорите на многумина слични на нив. Кејтлин е по малку нервозна бидејќи по тој повод првпат ќе се вози надвор од сигурноста на сопствениот прераскошен дом.

Канал Е! Entertainment и понатаму игра двојна игра: важно е како тие дами изгледаат, каква боја имаат нивните нокти и какви се нивните модни и кулинарски преференци, а патем можат по нешто да кажат и за својот светоглед. Најнеобично е тоа што Кејтлин говори со речиси машки глас, додека нејзините нови пријателки веќе ја извежбале женската интонација.

„Јас сум Кејт“ е најнеобичниот производ на современата индустрија за забава. Истовремено е крајно несериозно, но и прилично сериозно шоу. Реалното шоу засега има само осум епизоди. Внимателно ќе ја изгледам секоја од нив, па и евентуално втората или третата сезона, бидејќи тој формат тргнал по патот кој досега сè уште никој не го поминал.

Извор: Globus