Беи Дао незаслужено во ДПМ

02.09.2015 08:40
Беи Дао незаслужено во ДПМ

Кинескиот поет Џао Џенкај, познат под псевдонимот Беи Дао („Северен остров“), годинашниот лауреат на Струшките вечери на поезијата, стана почесен член на Друштвото на писателите на Македонија. Сосема незаслужено.

Каква чест е за најистакнат претставник на поетската група „загадочни поети“, која била инспирација за демократските движења во Кина, за авторот на песната „Одговор“ што ја напишал за време на крвавите протести на плоштадот Тјенанмен во 1989, која станала химна на демонстрантите и била печатена на плакати, за поетот што поради тоа не смеел да се врати во земјата цели 17 години (протерани биле и другите тројца членови на групата)? Значи каква чест е за Беи Дао да биде во друштво на послушници и полтрони, на проѕирни писатели кои никогаш и не помислиле да напишат, камоли да објават, некаков нивен, каков-таков одговор на антидемократско движење на власта; кои немаат храброст да станат од скутот на властодршците, уште помалку да застанат против окупацијата на плоштадот Македонија; кои за бедни материјални и други ситни привилегии едногласно го премолчаа ограничувањето на слободата на говорот („Материјалното застана над духовното, а со тоа се создаде јаз меѓу слободата и изразувањето. Слободата на говорот стана ограничена“, рече Дао на прес-конференцијата во Струга), автори што заслужиле да се најдат на најважните страници од поновата историја на интелектуалното бесчестие?

Извор: Слободен печат

ОкоБоли главаВицФото