Кукла-перница со ликот на Дејвид Боуви

02.09.2015 14:16
Кукла-перница со ликот на Дејвид Боуви

Ако некогаш сте имале некоја чудна желба, на пример да јадете сладолед додека седите во скутот на Дејвид Боуви... сега имате прилика да го почувствувате тоа задоволство!

Овие кукли-перници во природна човечка големина со ликот на Дејвид Боуви, можат да се најдат на интернет подавницата „Etsy“. „Еtsy“ е веб-сајт за електронска трговија кој се фокусира на рачно изработени или винтиџ предмети и материјали, како и уникатни фабрички произведени предмети.

Предметите покриваат широк спектар на области, вклучувајќи и уметност, фотографија, облека, накит, храна, козметички производи, постелина, дребулии и играчки.
Перницата со големина и лик на Дејвид Боуви, висока 1,66 метри, е оригинален подарок за домашен декор на фановите на Дејвид Боуви.

Куклата Боуви може да се стави на кревет или на маса, да стои потпрена на ѕидот како мека уметничка скулптура или да се постави седната на подот како импровизирана столица.

Таа е рачно изработена од високо квалитетна принтана ткаенина која е свиленкасто мека на допир и полнета со квалитетен и фин памук. Куклата Дејвид Боуви облечена во познатиот костим на Зиги Стардаст е крајно уникатен прилог за домот на секој фан на Боуви.
Сите овие декоративни перници направени во природна големина се рачно изработени и направени по мерка.

Сега дали може да добиеме перница со ликот на Ник Кејв, ве молам?

Извор: dangerousminds.net

ОкоБоли главаВицФото