1006 hPa
100 %
11 °C
Скопје - Сре, 24.04.2024 01:59
Игри без граници
Нема никакви знаци дека играта треба да престане. Па сепак, луѓето си минуваат преку исцртаните полиња за сервис или куцкамен газејќи ги линиите, како да не постојат. Сограѓани, ајде малку похрабро! Може така и со државните граници!
Оптичка илузија
На златарската улица во старата скопска чаршија, освен изложените скапоцености, дуќанџиите на листови залепени на излозите ги рекламираат и другите услуги: „бушиме души“, читам на еден дуќан, па се сепнувам: сепак на натписот стои „бушиме уши“.
Златарите кои не се занимаваат со човечките души ненамерно успеаја да пробушат една. А скопјаните што имаат таква моќ и се занимаваат со дејноста што погрешно ја прочитав од натписот на златарскиот дуќан не се толку љубезни за да нè информираат за тоа.
(Од циклусот „Изгубените чевли на Скопје“)
Слика: Peter Adderley