Уметниците ширум светот реагираат на смртта на едно тригодишно дете од Сирија

04.09.2015 08:51
Уметниците ширум светот реагираат на смртта на едно тригодишно дете од Сирија

Во среда наутро, на 2 септември, турската полиција го пронајде телото на 3-годишното сириско момче Ајлан Курди, кое се удавило заедно со 5-годишното братче Галиб и мајката Рехан во Средоземното Море, додека се обидувале да побегнат од Сирија. Сликата од неговото безживотно тело молскавично се рашири на интернет, прикажувајќи ја одблизу опасноста и очајот со кој се соочуваат бегалците од Сирија.

Овој трагичен настан инспирираше моќен емотивен одговор од многу уметници ширум светот. Трогателните реакции се движат од тага до бес, но без разлика на ставовите кои уметниците ги имаат во врска со бегалската криза и односот на Европа, согласни се во едно: децата како Ајлан и Галиб не смеат да умираат на овој начин!

1. A сега гледате ли?

2. Се губиме како луѓе, а луѓето умираат на границите

3. Како требаше да заврши неговата приказна

4. Пеколот е реалноста во која живееме

5. Нека бог биде со тебе, малечок ангелу!

6. Само спиеме

7. Лидерите гледаат

8. Удавеното човештво покрај брегот

9. Се надевам дека човештвото ќе најде лек за визите

10. Спиј, дете мое

11. Најтоплата прегратка

12. Симбол на кризата

13. Го оставивме да спие, но време е ние да се разбудиме

14. Сè уште истото

15. Ѕидови

На трагичната смрт на тригодишното сириско момче со своја илустрација реагираше и македонската карикатуристка Наташа С. Костовска, која објавува карикатура во викенд бројот на слободен печат.

 

Извор: Boredpanda

Слични содржини

Значења

ОкоБоли главаВицФото