Селекторот на Американска Самоа поднесе оставка откако изгубил од Македонија на плејстејшн

07.09.2015 11:02
Селекторот на Американска Самоа поднесе оставка откако изгубил од Македонија на плејстејшн

Лари Манао, селекторот на Американска Самоа – последнорангираната светска фудбалска селекција на листата на ФИФА – денеска поднесе оставка на функцијата откако синоќа изгубил пријателски меч со Македонија на плејстејшн.

Манао изјави дека некако ги преболел квалификациските порази од 0-31 од Австралија и 0-13 од Фиџи, но чашата ја прелeaл моментот кога синоќа сакал да се релаксира малку на својот плејстејшн и изгубил катастрофално со 1-2 дури и од Македонија, по што решил да си поднесе неотповиклива оставка.

„Секој пораз боли, но пораз од Македонија, па макар бил и на плејстејшн е нешто преку што не можам да поминам. Играв добро, мојот тим водеше 1-0, но потоа отидов до тоалет и таму се задржав едно цело полувреме. Македонците вешто го искористија непостоењето на втора екипа на теренот и успеаја со прекрасни акции да постигнат два гола“, им изјави Манао на новинарите во својата земја.

Извор: kozanostra.net

ОкоБоли главаВицФото