Злото ја слави независноста од разумот!

08.09.2015 18:35
Злото ја слави независноста од разумот!

Кристална дворана има хотелот „Кварнер“ во Опатија. Таму се одржуваа опатиските фестивали за време на Југославија, со голем успех на претставниците од Македонија (Нина Спирова со „Еден бакнеж“ - прва награда во 1962 или Леб и Сол со „Абер дојде Донке“ - најдобар уметнички впечаток и примена на фолклорниот израз, 1978), а после почнаа да се одржуваат некои хрватски музички свечености и спектакли како што е „Дора“, нивниот избор за Песна на Евровизија.

Не сум знаел дека Кристална дворана има и Нотаријатот на Големото зло, меѓу простиот народ познат и како Собрание на Република Македонија!

Таму се делат државни награди, главно на безвезњаци во кои политичката елита на власт препознала некаква корисност за себе.

Се слават таканаречените државни празници и се одвиваат сите други важни процесии во кои апашанатската елита се репродуцира себеси.

Фрлив еден поглед врз тие лица, сега, по повод Денот на независноста.

Десетина секунди ги посматрав тие усраности и добив впечаток дека тие имаа одредено ниво на свест за својата упохованост во говната на националната катастрофа, дека сами на себе си смрдат, дека им е на некој начин непријатна таа концентрација со која ја шират неподносливоста од себе кон надворешниот свет.

Парите, плацевите, фирмите, бизнисите и другите материјалности што ги украдоа од дуќанот на независноста на луѓето од разумот, ја потиснуваат таа свест, но не сосема. Не поради нивната моралност, туку зашто светот во кој тие почнале да крадат и да се веселат и светот во кој дошло време да се свртат околу себе, да испијат по едно виски и да видат што ќе прават, не е тој свет во кој тие мислеле дека ќе се разбудат богати!

Ги нема луѓето во однос на чија сиромаштија или средна среденост нивното богатство ќе беше нешто за прчење. Нема кому да импонираат! Нема ништо! Ја нема, односно пред исчезнување е и државата! Функциите кои им служеа не само за крадење туку и за формално-правна заштита и за толку важниот респект кај простата маса, се растурени во парчиња. Сите ги мразат! И нив и нивната професија. Никој не ги ебе!

Што ќе прави стоката што успеала да го украде Водно! На пример! Или Трезорот на Народна банка! Нема кому да се пофали дека спиел со Моника Белучи! Ги јаде истите омлети како и порано, носи поскапи одела и часовници, но во комбинација со сељачкарската ментална и духовна конституција тие формираат неверојатни живи карикатури!

Нон-стоп се тресат да не се најдат во некој материјал на Јужниот околиски суд во Њујорк или во Западен Лондон или некој домашен лузер исплукан од нивните муцки да не се сети да преземе нешто пред да умре од ракот што овие му го го вбризгале во организмот преку преголеми количества стрес, несреќа, алкохол и дрога!

Освен кај јадрото на антимакедонистичкиот проект во рамките на вмро, имам впечаток дека кај другите такви траги оставаат и видливите пустошења на сè што почнуваше на буквата „М“ ! Не велам дека чувствуваат одговорност, макар што кај многумина има и такви елементи, туку некоја чудна стегнатост и непријатност, можеби дури чувство на промашеност!

Сјебале или учествувале во беспримерното сјебување на цела една нација, на едно општество, на една држава, на една историска реализација, на еден ред!

Но, независно од овие благи сентименталности, немојте да мислите дека сум се побркал со умот! Најпристојно ќе беше Денот на независноста АРМ да го одбележи со вистински истрели врз оваа купиште злотвори, но сега кога е доцна за еден таков подвиг, можеби и овие отсутни лица, овие снимки на несреќата што се движи и пие коктели, можат не да се изземат од страна на некоја Славјанка, туку да бидат земени предвид како олеснителни околности во некој иден процес, во смисла дека секој што бил макар малку загрижен во Кристалната дворана, да не може да добие повеќе од три доживотни казни затвор!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слики: Свирачиња

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото