Моќта на песната

09.09.2015 10:04

Кога ќе осетеле дека им се ближи мигот на умирањето, индијанските воини би ја запеале песната на смртта, простувајќи се од Мајката Земја и најавувајќи го доаѓањето кај Таткото Небо. Некаде постои запис за тоа како 1643 година холандските доселеници во Нов Амстердам ‒ денешен Њујорк ‒ фатиле еден Индијанец и го фрлиле на маки. Сето време тој ја пеел песната на смртта: и додека му го симнувале скалпот, и додека му ја дереле кожата, и додека го кастрирале. Замолчел дури кога војниците му го скршиле черепот и му го истуриле мозокот.

Превод: П. В.

Давид Албахари (1948), еден од најзначајните современи писатели во регионот. Досега објавил 35 книги, главно романи и збирки со раскази. Делата му се преведени на 18 јазици. Поезија не објавувал, но многу негови кратки раскази се врвни лирски творби, своевидна поезија во проза.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото