Хеј-он-Вај: градот на книгите

09.09.2015 10:19
Хеј-он-Вај: градот на книгите

Хеј-он-Вај е мал трговски град и заедница која се наоѓа на брегот на реката Вај во Велс, на границата со Англија.

Познат како „град на книгите“, Хеј-он-Вај, или популарно наречен само Хеј, привлекува голем број љубители на книгата во потрага по евтини, користени книги кои можат да се купат во повеќе од 40 книжарници, како и на многубројните штандови во градот. Ова мало место е дом на „Фестивалот на книгата Хеј“ кој е наречен „Вудсток за умот“, а секоја година го посетуваат околу 80.000 писатели, издавачи и љубители на книгата од целиот свет.

Сè почнало во 1961 година кога Ричард Бут ја отворил својата прва книжарница за стари книги во пожарникарскиот дом. Набавувал книги од Америка, каде во тоа време книжарниците постојано се затворале. После некое време во градот се отворени уште неколку книжарници, а веќе до 1970 Хеј станува и меѓународно познат како „Градот на книгите“. Денес, ова мало гратче годишно го посетуваат околу 500.000 туристи.

Меѓу бројните книжарници во Хеј најнеобични и најинтересни се оние кои се нарекуваат „чесни книжарници“. Тие обично се празни (без продавач) и се состојат само од полици и книги. Луѓето едноставно избираат книга и оставаат пари во мало поштенско сандаче.

Извор: pixelizam.com

Слични содржини

Активизам / Јавни Простори / Култура / Уметност
Јавни Простори / Уживање / Култура

ОкоБоли главаВицФото