1016 hPa
75 %

3 °C
Скопје - Пон, 17.02.2025 04:59
Канадската уметница Сара Eн Џонстон со серијата фотографии насловена Wonderlust, ги доловува најинтимни моменти меѓу паровите, откривајќи кадри од самиот сексуален чин.
Фотографиите се фино украсени со разновидни дотатоци и бои со кои се обидува да ги сокрие вистинските идентитети на нејзините субјекти, поставувајќи го гледачот во улога на заштитен воајер.
Џонстон прво фотографирала пријатели и познаници кои биле подготвени да го направат тоа. Потоа манипулирала со добиените портрети на кои лицата и телата избледуваат и исчезнуваат во колажираните сцени. Сексуалниот чин се одвива низ трансформираните фигури, ја брише линијата меѓу приватноста на односите и јавната природа на изложените дела.
Извор: www.ignant.de