Фотографката Самане Косрави ја документира современата и комплексна иранска модна сцена

09.09.2015 14:42
Фотографката Саманех Косрави ја документира модерната и комплексна иранска модна сцена

Фотографката Самане Косрави која во изминатите седум години живее во Германија, забележала дека постојат многу заблуди во однос на западното сфаќање на иранската култура.

Во рамките на проектот насловен Among Women, Косрави се обидува да фрли нова светлина врз еден помалку познат аспект на модерниот Иран: неговата разновидна сцена за женска мода и убавина. Низ фотографиите може да се види како Косрави ги придружува жените додека купуваат, се социјализираат, па дури и кога ги посетуваат нивните пластични хирурзи. Сликите се собрани во една книга со наслов Among Women, за која Косрави вели:

„Оваа фото-книга ги документира идеалите за убавина на денешното иранско општество, кои речиси и не се познати надвор од Иран. Книгата е фокусирана на младите, самоуверени ирански жени кои го дефинираат својот идеал за убавина со интеракцијата меѓу модерноста и традицијата. Многу често едноставните козметичари не се доволни за младите Иранки, затоа и пластичните хирурзи понекогаш можат да помогнат“.

Во еден свет каде што медиумите доминираат, како резултат на западните стандарди и перцепции, проектот на Косрави е важен бидејќи обезбедува автентичен поглед во нејзината култура, поглед кој не е филтриран низ западниот објектив.

Гледаме познати слики - салони за маникир, шопинг-аркада, самосвесни погледи во огледало... Но, искрениот стил на Косрави открива културна различност во пристапот на Иран кон убавината која има свои нијанси, како што е комбинацијата на традиционалните марами за глава и модерните стилови на шминка.

„Иран е различен“ - пишува таа. „Иран не се разликува само од Германија, туку исто така и од имиџот кој го презентираат мејнстрим медиумите“.

Сонот на Косрeви е оваа детална перспектива на Иран да се сподели со светот. Таа во моментов бара поддршка да ја објави својата книга во независната издавачка куќа Kerber Verlag, што значи дека би требало да стигне до поголем број луѓе. Оваа книга е за сите оние кои се љубопитни да видат една поинаква слика за Иран и сакаат да го поддржат имиџот на земјата која не спаѓа под закрилата на западниот унилатерализам.


Извор: beautifuldecay.com