Унгарија поставува сниматели долж границата со Србија

10.09.2015 09:34
Унгарија поставува сниматели долж границата со Србија

Будимпешта, 10 септември 2015

Унгарската влада денес донесе одлука да постави телевизиски сниматели долж границата со Србија, за да гo спречи засилениот прилив на мигранти. Задача на снимателите е да применат физичка сила врз сите мигранти кои ќе се обидат да влезат во Унгарија.

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, изјави дека снимателите ќе бидат поставени во оние подрачја кои се најизложени на притисок од имиграцијата.

„Оградата која ја поставивме не го даде посакуваниот резултат и поради тоа сме принудени на овој чекор. Снимателите имаат задача со сопнување, шутирање и удирање на мигрантите да го спречат нивното влегување на територијата на Унгарија“, објасни Сијарто.

„Се решивме за сниматели затоа што сме сигурни деа тие нема да му дозволат на ниту еден мигрант да помине. Снимателите се обучени да го третираат подеднакво секој што ќе се обиде да ја помине границата, без оглед на полот и возраста“, напоменува министерот.

Сијарто изрази надеж дека поставувањето на сниматели на границата со Србија ќе доведе до конечно решение кога станува збор за проблемот со бегалците.

Извор: www.njuz.net