Стаорци од средина на лебот

10.09.2015 10:21
Стаорци од средина на лебот

Во 1888 година, во областа на Сен-Арнул-ан-Ивелин, жандармите беа затвориле еден скитник, вистински загрозувач на јавната безбедност, баран поради вештерски дејанија: тоа беше еден „произведувач на стаорци“. Полските имоти на кои бил лошо примен, или од кои бил избркан, биле преплавени со стаорци по неговото заминување. Неговата постапка беше проста: средината на лебот ја гмечеше во облик на малечки стаорци и ги растураше околу куќите, на стотици; овие лебни стаорци се претвораа во вистински, брзи и алчни, кои навалуваа на амбарите и таваните. Истрагата трае, стручњаците не разбираат ништо, заглавени во неверојатностите, и одбиваат да поверуваат во една таква преобразба. Во својата ќелија, во затворот во Версај, скитникот видливо се здебелува, изобилно хранет со компири од страна на чуварите кои не му даваат леб за да не им посее стаорци насекаде.

Превод: Влада Урошевиќ
Слика: Leah Saulnier

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото