Лизарче

10.09.2015 11:16

Девојчето му приоѓа на куцкаменот нацртан на плочникот, ја пика раката во џеб од фустанот и напипува заоблено парче цреп. Пред мрежата на куцкаменот, лизарчето ѝ дарува сигурност. Без него, уверено е, никогаш не би успеало да се измолкне од тој лавиринт: би влегло во првиот квадрат и не би знаело како од него да излезе. Девојчето се врти со грб спрема куцкаменот, го вади лизарчето, го доближува до устата и три пати ухнува во него. Потем го фрла преку левото рамо. Кога повторно се соочува со куцкаменот, лизарчето никаде го нема.

Превод: Виктор Шиков

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото