Танг Ши

10.09.15 16:07

Танг Ши е сликар кој потекнува од градот Чангша кој се наоѓа во покраината Хуан, во Кина. Поголем дел од неговите слики имаат фото-новинарски шмек со оригинални надреални пресврти. Можеби тој е модерниот кинески Норман Роквел?

Танг Ши користи стари списанија и весници, како и дневни извештаи во кои можат да се најдат интересни фотографии и ги преобразува во уметнички слики. За неговиот однос кон сликата, тој вели: „Јас сум целосно ослободен од ограничувањата кои ги поставува сликата. Ја деконструирам првичната слика и интегрирам нови концепти со отстранување на сите поврзувачки елементи за да ја направам јасна мојата порака и да го постигнам последниот визуелен ефект. Сè уште го користам начинот на изразување од моето детство кој ја подразбира идејата, со инкорпорирање на познати нешта да се создаде нова визуелна релација, како и дистанца помеѓу реалноста и сликите. Овие чкртаници ми ја одржуваат имагинацијата, ме просветлуваат и ме тераат постојано да ја преиспитувам причината за постоењето на сликарството“.


ОкоБоли главаВицФото