Типографско љубовно писмо до Париз

11.09.2015 14:27
Типографско љубовно писмо до Париз

Париз важи за една од најпопуларните туристички дестинации во светот. Некои од посетителите се заљубуваат во архитектурата, некои во продавниците и антикварниците, а трети во музеите и галериите. Славната графичка дизајнерка Луиз Фили, вешто ги избегнува општите места и повеќе од 40 години е во „љубовна врска“ со знаците и рекламните табли во Париз и нивната уникатна типографија. Уште од својата 20-та година, таа шета низ Париз и ги фотографира таблите пред хотелите, пекарниците, рестораните...

Овие нејзини типографски патувања се документирани и каталогиризрани во „Graphique de la Rue“, новата книга на Фили посветена на знаците и таблите во Париз. Книгата може да биде инспиративно четиво за графичките дизајнери, но и за туристите кои сакаат да направат една поинаква обиколка на Париз.

„Париз е град на чиста магија, никогаш не ме разочарaл. А книгата 'Graphique de la Rue' е мое типографско љубовно писмо до овој град“, вели Луиз Фили.

И покрај одушевеноста од типографското шаренило на градот на светлината, оваа графичка дизајнерка вели дека за жал сè повеќе познати и култни рекламни табли се заменети со евтини, медиокритетски светлечки реклами или дисплеи.

Подолу можете да погледнете дел од париските знаци кои ја фасцинирале Фили.

 

Извор: www.louisefili.com

ОкоБоли главаВицФото