1028 hPa
47 %
14 °C
Скопје - Вто, 10.03.2026 10:59

Најпознат по неговата колекција на цртежи Manimal, ирскиот уметник Ли Бојд прави оригинални цртежи кои прикажуваат луѓе делумно преобразени во животни, а покрај тоа се занимава и со сликарството и скулптура. Бојд е од неколкуте избрани уметници во Велика Британија кои се појавија на сериите Show Me The Monet на BBC2, а неговите дела се најдоа и на ексклузивната изложба во RCA, организирана од страна на славниот готвач Питер Гордон.
Manimal е колекција на дела изработени во териантропичен стил, во која се прикажани човечки фигури на кои им се додадени карактеристики и елементи на животни. Териантропијата е митолошка способност на човечките суштества да се метаморфозираат во животни, менувајќи ја формата. Сите дела имаат приказна зад себе, а оваа колекција е резултат на истражувањата на една идеја или набљудување на тоа како ние како луѓе комуницираме и како преку интеракцијата смислата на надреалната нормалност се исцрпува...
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
Извор: www.leeboydartist.com