1008 hPa
81 %
4 °C
Скопје - Саб, 20.04.2024 05:59
Досега на Окно, во рубриката Фотографија претставивме стотици фотографи, а секојдневно читателите можеа да проследат илјадници фотографии во рубриката Фото на денот. Фотографиите ги избираше уредничкиот тим на Окно.
Во новата рубрика, #Инста10мк, Окно им отстапува простор на македонските фотографи-инстаграмџии, самите да ги одберат своите десет, според нив, најдобри фотографии.
Новата рубрика ја започнуваме со авторката која на Инстаграм е позната како najmilata, која на кратко ни се претстави со следниве зборови:
Млада скопјанка, вработена како медиумски аналитичар. Веќе некое време „во сериозна врска“ со инстаграм и изјави на љубов неколку пати дневно на „срценцето“. Се надевам дека и Вие низ овој избор ќе ја доживеете мојата „љубовна приказна“ и ќе добиете нова идеја за Вашата :)