Talking Heads

12.09.15 11:10

За неговата нова серија, познатиот и талентиран aмерикански фотограф Мeтју Ролстон фотографирал портрети на стари вентрило-кукли, сега неупотребливи и напуштени, изложени во Музејот Vent Haven во Кентаки. Со неговите фотографии, Ролстон ги оживува инертните објекти кои некогаш биле во центарот на вниманието, користени за перформанси и претстави. Но, истовремено тој ги оживува и популарните верувања, стравови и фобии кои често ги придружуваат овие суштества направени од дрво. Овие портрети се објавени во книгата Talking Heads:The Vent Haven Portraits.

Извор: www.ufunk.net

 

ОкоБоли главаВицФото