Разгледници

12.09.2015 17:56

Татко често патуваше. Од секое место каде што престојуваше ни испраќаше разгледница. На секоја го испишуваше истиот текст ‒ пет реченици и накитен потпис ‒ а ние секојпат го читавме како да ни е сосема непознат. Впрочем, реченицата, на пример, „Ова е убав град“, втора по ред, имаше различни значења на разгледниците на Виена или Мадрид, додека петтата реченица „Едвај чекам да ве видам“, звучеше вистинито на разгледницата на Москва, а крајно неубедливо на разгледницата на Венеција. Истото може да се рече за првата реченица, „Седам во хотелската соба“, која сосема сигурно, секојпат пишувана во друга просторија, никогаш не можела да биде иста, како ни прошетката навестена во третата реченица, „Ќе шетам додека не падне мрак“ која секогаш водеше по некои нови улици. Меѓутоа, четвртата реченица, „Во тишина, зборовите стануваат тешки, срцето гори како шишарка“, нè оставаше во недоумица; никаква слика тоа не можеше да го промени. Не знаевме, имено, дали тишината се менува од место до место ни дали секој оган е ист, без оглед на тоа каде гори, а татко, кога го прашувавме, не сакаше ништо да ни каже.

Превод: П. В.

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото