Адам Колдвел

14.09.15 11:02

Делата на Адам Колдвел се развиваат како надреална психолошка жива сцена, презентирајќи ја симултаноста на антагонизмите и нерешените импулси: животот наспроти смртта, сериозното во координација со апсурдот, убавото коегзистира рамо до рамо со абјектот.

Делата на овој сликар го истражуваат пресекот на психолошкото и културно. Служејќи се со стилски елементи од апстрактниот експресионизам и класичната фигурација, ги комбинира со поп културата и илустративноста. Колдвел комбинира различни и навидум негативни вокабулари за да се повика на современите конфликти.

Со интерес за тематско истражување на себе и другите, сегашноста и минатото, идентитетот и родовиот идентитет, уметникот ги истражува поларитетите на колонизираното јас со социјална и политичка свест. Неговите спротивставености од насилен класицизам и заводлива деструкција, ја предизвикуваат привидната едноставност на нашите културни парадигми.

Извор: www.ignant.de

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото