Конференција за поголема електромобилност и Експо за електрични возила

14.09.2015 12:58
Конференција за поголема електромобилност и Експо за електрични возила

Електромобилност Македонија, во рамки на глобалниот настан „Европска недела на мобилност” на 18 септември 2015 година (петок) на Машинскиот факултет во Скопје организира Конференција за поголема електромобилност и Експо за електрични возила.

Од една страна настанот има цел да ги собере и да ги претстави на едно место најновите трендови во електромобилната индустрија достапни во Македонија, човечкиот креативен потенцијал и инженерското знаење и од друга страна да даде простор за отворање на дискусија за проблемите со загадувањето кои Македонија ја вбројуваат во врвот на светските листи. Нашето општество за жал сè уште нема системски одговор за овој горлив проблем. Во Европа на големо се мобилизираат политичките субјекти, приватниот сектор и граѓанското општество преку специфични Договори за енергија и одржлив развој. Сметаме дека е време и овде кај нас да се отвораат прашањата за чекорите кон одржлива иднина на Македонската економија и влијанието од неа врз животната средина и како овој предизвик да се гледа како можност за иновирање и напредок.

Предвидено е целодневниот настан да започне во 9 и да трае до 17 часот. Настанот е од отворен тип и може да се вклучите на некоја од блокот сесии детално објаснети по теми во приложената програма подолу. На ЕКСПО ќе има бројни електрични возила како електрични велисипеди, електрични скутери, конвертирани електрични возила, електрични автомобили од импортерите како и хибриди, но ќе има и полначи на повеќе штандови. Ве очекуваме!

ОкоБоли главаВицФото