Сиромаштија

15.09.2015 10:05
Сиромаштија

Моделот на живот на Христос долго служел како референца за проценка на сиромаштијата. Според христијанската дефиниција, да се биде сиромашен истовремено значи pauper и humilis: што значи дека на сиромавиот, кроткиот и бедниот му е потребен Бог. Сиромаштијата на Христос е онтолошка и егзистенцијална. Просјакот во Стариот режим (до 1789) (Geremek, 1987) не може да се спореди со модерниот сиромашен. Од една страна поради економските услови кои навистина ги одделувале богатите од сиромашните, од друга страна поради социјалната структура која нè упатува на ист однос кон прашањата поврзани со нашиот модерен однос кон сиромаштијата. Бедата која лута пред сè e „историја на милосрдноста која својот најдлабок мотив го црпела од религиозното чувство, гледајќи на сиромашниот како на божји избраник. Помеѓу богатиот и сиромашниот се воспоставувала лична врска во смисла на симболична размена, првиот подарок за молитвите на другиот. Преку тоа се потврдувале нивните општествени улоги, а ублажувањето на бедата на едниот бил надомест за спас на оној другиот, олеснувајќи му го моралниот товар на неговото богатство“ (Procacci, 1993). Оваа симболична рамнотежа била средство за одржување на феудалниот систем: религијата, која на секој поединец му припишувала одредена природа како негова метафизичка судбина, имала нешто од тој општествен конзервативизам.

Влогот бил повеќе морален отколку економски. Така коренот на сиромаштијата се наоѓа во „слабеење на дисциплината и отстапување од обичаите“, а не во недостигот од животните намирници или во невработеноста. Целиот репресивен правен апарат бил во служба на работните обврски во таквите институции и требало да казни и поправи извесна морална „суета“. Работата е средство за спроведување на промени, морални стеги, аскеза, казни, како знак за состојбата на срцето. Ограничената слобода на движење била средство за општествена заштита од негативното во човекот: сиромаштијата се сметала за негација на моралната суштина на човекот кој го создал Бог.

Со воспоставувањето на маргините се воспоставува начин да се дефинира новиот општествен идентитет против распаѓањето на економските врски. Поставувањето и развојот на компаративните економии се заснова на критика на производствената вредност стекната со препродавање и компензација. Социолозите кои се занимаваат со младината, ја опишуваат преку поимот врзан за универзитетот. Таква би била најактуелната смисла на поимот осуденик. „Изразот робување е присутен кај младото потомство од широките слоеви за распаѓање на системот на трудот во индустриското општество, за губење на моделот на традиционална интеграција на народните маси, за исцрпеноста на еден историски актер, работничко движење, и конечно за застој и промена на поединечни облици на вклучување и мобилност“ (Dubet, 1987). Работничкото движење во XIX век и почетокот на XX посредувало во настанувањето на сиромаштијата на класната свест. Тоа преку начинот на живот ги изедначило начините на производство и општествено-економската продуктивност на поединецот, иако сиромаштијата била голема поради капиталистичките експлоатации.

 

Двоумењето на работничкото движење не им дозволило на младите да го пронајдат класниот идентитет кој би го произвел процесот на индивидуална идентификација и општествено признание. Преку робувањето, отфрлените подобро ја изразуваат општествената критика надвор, отколку што ја покажуваат вистинската желба за вклучување. Така изложениот бес не е само производ на општествената дезорганизираност или желба за исклучување на оние кои не наликуваат на доминантниот модел. Бесот е радикален облик на афективниот идентитет, а насилството е негов резултат. Субјектот е фрлен во една поинаква логика на делување: засилување на групното однесување, појава и развој на мрежи за солидарност и размени засновани на спореден проток на стоката, рационално поврзување и психо-физичка зависност од токсични супстанци со постепена акумулација на деструктивност, излегување од системот на општествена заштита, контролата и телесната хигиена за обезвреднување на ареалот.

До ова исклучување доаѓа врз основа на подредување на несреќата која ги погодува овие поединци (Farge, 2004) и оваа безлична група (Declerq, 2002) во однос на пошироката популација. Затоа сиромаштијата, како во средниот век, повторно стана облик на индивидуален идентитет и општествено препознавање. Социјалната помош му овозможува на секој човек да преживее со помош на Републиката. Доделувањето социјална помош е претворено во доделување социјална помош на идентитетот на личностите. Бидејќи нејзината основна задача е обезбедување станбена и здравствена заштита, а помалку економска која го отежнува сопственичкиот протекционизам. Минимумот кој му припаѓа на секого поради зачувување на идентитетот на секој човек, се однесува на состојбата на неговото тело. Социјалната помош како демократско достигнување во поглед на претставата за сиромаштијата, помага и притоа го институционализира телесниот идентитет и преку називите: „бездомници“, „отфрлени“. Телото е променливо, подвижно и без постојан престој.

Извор: Le dictionnaire du corps
Слики: Skidrobot

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото