1021 hPa
93 %
8 °C
Скопје - Нед, 13.10.2024 01:59
Хипер-деталните цртежи на Бен Толман изработени со туш на хартија, ја отсликуваат архитектонската средина и ефектите кои ги има врз луѓето кои ја населуваат.
На цртежите на Толман гледаме градови (City, 2013) и населби (Suburbs, 2012), облакодери со урнати надворешни ѕидови (Urban, 2015) или низа еднособни куќи, измислени или вистински. Субјектите на овој уметник од Вашингтон гравитираат околу социјалните и економски ритуали и моделите на заедничките јавни / приватни односи.
Suburbs, 2012
Детализирањето, вредно колку она од сликарството на Хиеронимус Бош, на Ирвинг Норман или цртежите на Пол Нобл, укажува на нешто друго, дека делата на Толман, барем површински, се целосно фабрикувани. Но, сепак неговите приградски населби или урбанистички сценарија се верни претстави на генеричката американска територија: многу од овие големи сцени се постигнуваат со монтажа на композитни слики, фотографии од реални згради и градови, како што е неговиот некогашен дом.
Ruin, 2015
На овој начин, делата на Толман добиваат интересен биографски, па дури и носталгичен карактер. „Целата населба се состои од вакви еднособни куќи, навистина малечки и едноставни домови кои биле изградени за враќањето на војниците од Втората светска војна. Седумдесет години подоцна, ништо не се изменило“ - му вели Толман на писателот Кристон Капс во прекрасната статија за CityLab.com.
City, 2013
„Тој цртеж (Suburbs) го работев во периодот кога татко ми беше пред умирање, и мајка ми се пресели таму каде што израснала. Тие ја продадоа куќата во која израснав“. Безмилосните цртежи на уметникот, тврди Капс, би можеле да имаат потекло од неговото растргнато детството и неговите размислувања за физичката и лична животна средина во која живеел: „Татко ми беше сто процентно религиозен - немаше интерес за културата", вели Толман за начинот на кој неговиот татко го изградил нивниот дом, следејќи го процесот според кој биле изградени многу куќи во соседството“. Тој се грижеше само за функционалноста. Не беше заинтересиран за формата. Тој мислеше дека уметноста е бескорисна“.
Urban, 2015 (детаљ)
Now, 2014
Most, 2014
Trash, 2014
Trash, 2014 (детаљ)
Some, 2014
Some, 2014 (детаљ)
Samo, 2015
Samo, 2015 (детаљ)
Samo, 2015 (детаљ)
Извор: socks-studio.com