Винтиџ сликовници: „Европски бајки“ од Мирко Ханак

15.09.15 12:46

Мирко Ханак (1921-1971) е чешки сликар и илустратор кој ја стекнал својата слава со неговите илустрации и литографии со мотиви од природата. На неговите цртежи често се среќаваат животните од дивите предели на Чешка.

Студирал визуелни уметности во Злин по Втората светска војна, а потоа се запишал на Академијата за уметност во Прага. Неговите илустрации се наоѓаат на многу календари, постери и други специјални рекламни прилози и публикации.

Ханак илустрирал повеќе серии прозни дела, како и книги за деца. Од неговото богато творештво, ги издвојуваме илустрациите од книгата „Европски бајки“ објавена 1971 година.

Извор: myvintagebookcollectioninblogform.blogspot.mk