Може и кактус, само нека боде

18.09.2015 17:07
Може и кактус, само нека боде

„Може и кактус, само нека боде“ е дебитантска поетска книга на хрватската поетеса Асја Бакиќ, објавена 2009 година. Феминистички освестени, полни со хумор и иронија, ангажирани, остри и субверзивни, стиховите на Бакиќ се како вистински мали боцки од оса упатени кон читателите.

„Поетиката и еротиката се нејзини омилени теми - првата поезијата обично ја заобиколува, настојувајќи да остане со чисти раце, а бидејќи Асја во поезијата ја интересира нешто поинаков тип хигиена, таа ја повикува политиката без страв во поетскиот ринг. На еротиката исто така ѝ пристапува од перспектива на тешка категорија: врежаниот интимизам е заменет со порно-кадар, кој спротивно на очекуваното, секогаш остава 'место за уште'. Двете теми се обележани со изразена свест дека се зборува од позиција на женски субјект, па поезијата на Асја може да се чита и како феминистичка, ангажирана на посебен начин, со средства на иронија и демистификација, со кои ги урива стереотипите и се брани од баналноста.

Накратко, станува збор за поезија спремна на двобој, која грижливо ја гланца својата острица вперена кон светот, но го прифаќа читателот пријателски: нему, освен по некој убод, му е наменета првенствено гласна смеа.“

Бранислав Облучар

Бесплатната е-книга преземете ја на линкот подолу:

ПрилогГолемина
Asja Bakic - Moze i kaktus, samo neka bode.pdf2.43 MB

Слични содржини

Е-библиотека
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото