1039 hPa
75 %
2 °C
Скопје - Чет, 16.01.2025 22:59
Кејт Гринавеј (1846-1901) е англиска писателка за деца и илустраторка. Студирала на Кралскиот колеџ за уметност во Лондон, кој тогаш имал посебен оддел за жени, предводен од Ричард Барчет. Уште со нејзината прва книга, „Под прозорецот“ (1879), илустрирана збирка на едноставни, идилични стихови за деца, стекнала огромна популарност.
Иако живеела релативно кратко - починала на 55-годишна возраст од рак на дојка - таа зад себе оставила богат опус на илустрирани книги за деца. Во 1955 година, воведена е наградата која го носи нејзиното име, Медал Кејт Гринавеј, која и денес во Британија им се доделува на најдобрите илустратори на книги за деца.
Подолу можете да ги погледнете илустрациите на Гринавеј од сликовницата „Dame Wiggins of Lee, and her seven wonderful cats“, објавена 1885 година.
Извор: www.fairyroom.ru