Ана не ја отпеа најзначајната арија!

22.09.2015 12:28
Ана не ја отпеа најзначајната арија!

„Сопранот Ана Дурловски денеска ја доби титулата Национален уметник на Република Македонија, која ѝ ја врачи претседателот Ѓорге Иванов“ - читам на Плусинфо!

Очекував дека Ана ќе ја искористи приликата да ја фрли наградата и да одржи едно мало предавање на тема уметност, критериуми, морал, политика, нација, национални трагедии во изведба на идиоти, но, ништо од тоа!

Штета, Ана можеше да ја отпее најзначајната арија надвор од оперските дворани!

Мислам, кога веќе решила да влезе во куќиштето на сувоземната лигња, инаку, се разбира дека секој што го респектира актуелниот контекст, драмата на државата и на општеството, во старт би одбил да има каков и да е контакт со оската на злото во Македонија. Не мислам тука на таканаречениот претседател, тој не е ниту тркалце, а камо ли оска, мислам на режимот на злсторничкиот потфат кој корумпира, Ана, корумпира со сè, па корумпира и манипулира и со титули!

Извор: Фејсбук профилот на авторот, 21.09.2015.

ОкоБоли главаВицФото