1009 hPa
51 %
15 °C
Скопје - Саб, 20.04.2024 10:59
Македонскиот ликовен уметник Ване Костуранов до сега во повеќе наврати сме го претставувале на Окно со неговите слики, но и со прашалникот составен од 20 прашања. Овој пат го прикажуваме во малку поинакво светло, со една можеби споредна, но не помалку возбудлива преокупација - преку десетте Инстаграм фотографии кои самиот ги избра за рубриката Инста10мк на Окно.
Костуранов со својот објектив успева во морето повторливи и банални моменти во секојдневието да ги пронајде, издвои и зароби во кадар поетичните мигови вредни за помнење. Во случајов, изборот е направен од низата драгоцени моменти што авторот ги поминал со своите деца.
„Инстаграм го доживувам како бележник или визуелен споменар на моето секојдневие. Овде се запишани некои од најскапоцените моменти поминати со моите деца“, вели Ване Костуранов за неговите Инстаграм фотографии.