Евангелие по Јуда

23.09.2015 05:56
Евангелие по Јуда

Драмскиот писател, Југослав Петровски, поради драмата од којашто е прологов подолу, е ексумунициран и анатемисан од МПЦ.


П Р О Л О Г - од „Евангелие по Јуда“(фарса)

МУВАТА (Постојаното ѕунење преминува во говор.):

Верни души христијански да сте ми живи и здрави
на жените да им се влажни, а на мажите да им се прави!
Мили мои, публико збрана; пред било што друго да направам
како што е ред и адет, првин сакам, сите да ве поздравам; да ви се јавам и да ви се претставам:
Кога сум ви на капа или на гомно, ме именувате просто како мува,
а во инсектариум сум со име - диптера брахицера, распната и сува.
По професија сум гомнојадец:
исраното ви го лапнувам па потоа софра ви поганам;
смрдеата ви ја познавам и во гниежот ваш живеам
- „А скоро с
è е гнило - во дувлото ви мило!“
И сигурно се прашувате в час,
што ум можам да ви делам јас?
Што фарса е ова кога наместо Пролог, воведниот пој,
го раскажува беден претставник на мувиниот сој.
Но верувајте ми! Од Матеј, Јован, Марко и Лука; и од било кој
и ако сум мува; најдобро сведочи зборот мој, за настанот тој.
Тие сведочеа редум и беа дванаесет на број;
во строј, први за јадење, а последни во бој;
така секој од нив видел од агнецот само еден дел,
а јас му го видов неговиот краток ама цел, сечен и бел... (Пауза)
Ах, луѓе со грешни мисли, сте останале исти!
Јас ќе ви сведочам вечерва за животот и делото на небескиот цар,
а вас како што господ ве дал, си мислите веднаш дека имал кур мал.
Но публико драга, овде нема лага!
Јас му ја познавам секоја трага.
Оти за нас - мувин сој, секогаш бил интересен тој,
кога сереше тој, тоа беше ангелски пој.
И како секое големо гомно
тој ни беше место зборно.
Браќа и сестри, младоженци и невести;
па и вие модерни парови: од техно - музичари с
è редум „гузичари“;
сите вие богати и славни,
а и оние со проблеми правни.
За да останете публика будна, ќе ви раскажам приказна чудна.
Но тоа што ќе ви го кажам јас, мора да остане меѓу нас,
а ова е можност сјајна да ја дознаете „најголемата“ тајна.
Имало спас! Иако сум гомнојадачки ас, сепак за усул знам јас;
и знам дека е редно, во овој пролог, да внесам нешто вредно,
и со зборови лесни, да ви запеам од - „Песната над песни“,
и целиот пролог мој да стане библиски пој; во кој, да му ебам сој,
главен јунак е токму тој!
Ој! Стој!!! (Пауза) Па зарем с
è уште не погодивте кој!?
Кога ќе се крене овој театарски „застор“
ќе се појави најславниот дрводелечки мајстор,
јагне и овчар - „лепотица“ и „ѕвер“!
Исус Христос! Алелуја, алелуја! Супер, супер!!!
Публико драга, овде нема лага.
И не случајно пред вас, за него ќе сведочам јас!
Оти ја помнам секоја му трага,
мека или тврда, лута или блага.
Оти за нас - мувин сој, секогаш бил интересен тој
кога сереше тој, тоа беше ангелски пој.
И како секое големо гомно
тој ни беше место зборно...


(Исечок од фарсата „Евангелие по Јуда“)

Слика: Leah Saulnier

ОкоБоли главаВицФото