1029 hPa
53 %

7 °C
Скопје - Сре, 12.02.2025 11:59
Градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски, се обидува да нè оцрни со тоа што вели дека сме политички мотивирани. Но да беше политички писмен, ќе знаеше дека сите граѓани се горе-долу политички мотивирани, оти сè е политика: дали сметате дека високото образование треба да е бесплатно е политика, дали сметате дека абортусот треба да е легален е политика, дали сметате дека марихуаната треба да се легализира е политика, дали сметате дека градот треба да изгради велосипедски патеки е политика, итн... Политичката свесност на граѓаните покажува прогресивност и не е нешто што треба да се оцрни.
Тоа што градоначалникот сакал да го каже е дека сме ПАРТИСКИ мотивирани. Ова оцрнување и клеветење доаѓа од партиски човек што бил член на три партии во животот. За разлика од него, ние сакаме само да си ја спасиме населбата од нечии алчни апетити.
И на крајот, градоначалникот е повторно непрофесионален и несовесен кога мисли дека може да ни ги замачка очите со тоа што ќе каже дека „ГАРАНТИРА“ нешто со збор. Дури и да веруваме на смешниот концепт на политичарот што ветува и исполнува, кој гарантира дека следниот градоначалник нема да ги исполни плановите во ДУП-от што според Стевче се „фиктивни“? И на крајот на краиштата, зошто толку се плаши да ги чуе нашите аргументи, да свика собир на граѓани и ДУП-от да го врати во фаза на јавна расправа?
Кој се плаши и клевети си ја има мувата на капата.
Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Странски служби