Каде можете да се потпишете за зачувување на зеленилото во Карпош?

23.09.2015 13:24
Каде можете да се потпишете за зачувување на зеленилото во Карпош?

Драги мои пријатели,

Како што веројатно сте чуле, мака мачиме да собереме потписи од општина Карпош за спроведување на една граѓанска иницијатива за зачувување на зеленилото на Карпош 4, и воопшто за целата населба, оти според новиот ДУП сè ќе отиде во неповрат. Секој потпис ни е многу битен. Ве молам лично да одвоите време и да појдете во ДИК Козле во кој било работен ден од 8.30 до 16.30 до 1 октомври, и да се потпишете за поддршка на нашата иницијатива. Би било добро да поведете уште некој со вас ако сте во можност.

Мапата за тоа каде се наоѓа тој ДИК, на најзабутаното место во Козле (сè е со причина, како и работните денови и работните саати – само да се оневозможи каква било граѓанска иницијатива) е во прилог.

Сè што треба да имате е лична карта со адреса од Карпош.

Фала ви многу на сите,

Румена Бужаровска

ОкоБоли главаВицФото