Груевски: не го познавам премиерот на Македонија!

23.09.2015 23:57
Груевски: не го познавам премиерот на Македонија!

Пратенички прашања во Политичкиот нотаријат на македонскиот апашанат.

Тричковски, шеф на пратеничката група на ситните лопови:
Господине Груевски, го познавате ли премиерот на Република Македонија, сте пиеле ли некогаш кафе со човекот, сте разговарале ли со него за уривањето на „Космос“, за плацевите на Водно и за провизијата од Кинезите (мавта со некакви слики на кои вели дека се Груевски и премиерот)?

Груевски, претседател на владата:
Господине Тричквски, се чудам како може така паметен и интелигентен, ќе дозволите да кажам и убав, да, да, не одмавнувајте со главата, покрај останатото, вие сте и еден многу убав човек, да се заплетка во олку очигледни лаги и бесмислености. Ја молам камерата број два за зум затоа што сакам и на вас и на македонста јавност в лице да ви кажам, под целосна морална, материјална, политичка и кривична одговорност, дека не го познавам лицето што е посочено во вашето прашање и дека прв пат слушам и за него и за „Космос“ и за некакви плацеви! Вие, сакате да го свртите вниманието на јавноста од успесите на ВМРО и да дојдете на власт со измислување и ширење на разни афери, но тоа нема да ви успее, вие мислите дека ние сме луди само затоа што Зоки рекол дека сме луди, ама еве го тука покрај мене човекот, камера, дајте го Зокита, нека каже некој дека човекот е луд или дека јас сум луд. Провидни се вашите лаги, господине Тричковски, многу се провидни, благодарам!

Тричковски:
Не сум задоволен од одговорот, молам директно и без вртење да ми кажете дали го познавате премиерот на Република Македонија!

Груевски: Не!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња