Реклами за кокаински реквизити од 70-тите

24.09.2015 12:50
Реклами за кокаински реквизити од 70-тите

Инспирирани од хит серијата Narcos на Netflix, за авантурите на Пабло Ескобар, нарко дилерот познат како кралот на кокаинот, некои фанови пронашле не толку суптилни и контроверзни реклами за кокаински реквизити.

Тие ги испратиле нивните наоди, исечени од списанија за наркотици од 1976 до 1981 година, на сајтот за уметност и култура The World's Best Ever. Оттаму, тие реклами многу брзо пропатуваа низ светот, па беа поставени од страна на лондонското списание Don't Panic и во галеријата на Imgur која се најде како една од главните вести на насловна страница на Reddit.

Додека рекламите и реквизитите за наркотици со децении циркулираат меѓу уживателите на дроги, заедно со слични предмети за користење на марихуана, што очигледно е најактуелна и најразвиена индустрија денес, фасцинантно е да се погледне наназад во едно специфично време во кое кокаинот бил крал на дрогите.

Во случај да се прашувате, реквизитите за наркотици генерално се легални во САД, иако некои држави, како што се Охајо и Небраска имаат специфични реклами кои се забранети.


Извор:www.adweek.com

ОкоБоли главаВицФото