Полжав

25.09.2015 01:06
Полжав

Полжав

Полжавот е господин.
Кога оди на пат
кочијата сам ја спрегнува
и сам во неа си легнува:
„Ио ио!, возачот дрзок
никаде не брза!“

Ракот

Ракот, ракот,
кројач сонлив,
тој ми соши
панталони.

Право крои,
криво сече ‒
му ги вратив
истата вечер.

Ракот, ракот
црвен стана ‒
згреши кројка,
срам го фана.

Жабичка

Жабичка една жедна била
квак, квак, квак
в блато, среде мрак...
Од водата таа пиела
квак, квак, квак
в блато, среде мрак...
Стомакот ѝ пукнал
квак, квак, квак
в блато, среде мрак...
Мажот ѝ по лекар штукнал
квак, квак, квак
в блато, среде мрак...
Брзата помош кога стигнала
квак, квак, квак
в блато, среде мрак...
жабичката за векум мигнала
квак, квак, квак
в блато, среде мрак...

Тоа е тажната сказна
квак, квак, квак
в блато, среде мрак...
Без жабичката зјапи празно
квак, квак, квак
блатото среде мрак...

Превод: Александар Поповски
Корекција на преводот: П. В.

Аница Чернеј (1900‒1944), словенечка писателка. Пред војната била учителка и професорка. Како членка на „Ослободителна фронта“ била уапсена од Германците и интернирана. Починала во нацистички логор во 1944. Нејзините поетски книги за деца, седум на број, се објавени после Втората светска војна. Според петнаесетина нејзини песни е напишана и музика.

Слики: Algirdas Steponavicius

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото