Трагичен чин

25.09.2015 00:26
Трагичен чин

Како што не ѝ е познато ни на потесната јавност, синоќа во Скопје почна 40-тото јубилејно издание на МОТ. Кратенката од Млад отворен театар годинава се одржува под мото „Бариери“, сосема соодветно на возбудата и нетрпението со кое се очекуваше да почне фестивалот, на третманот во медиумите и, генерално, на односот и улогата на театарот денес и овде.

Бариерата што оваа власт ја изгради („овие барем нешто градат“) кон театарот - и кон културата воопшто - е невидлива и невидена до сега. Поголема од зградата на старо-новиот театар. Тоа го знаат сите што имаат барем малку претстава за тоа што треба да значи и каква е улогата во општеството на институцијата наречена театар. Таа тенка, ама непробојна ментална завеса конечно е спуштена во сфаќањата на „публиката“ и театарските даски веќе не значат ништо во нејзиниот живот. Сега може само глумиме театар. Има премиери, фестивали, награди, гостувања, доаѓања, има сè само него го нема. Постојните институции, и поединци, што сега се обидуваат да ја играат неговата улога, се толку и трајно онеспособени, што може да се одржуваат во живот единствено ако се цело време приклучени на апарат. Државен, се разбира. Во завршниот чин на трагедијата што се игра на македонската сцена може да се види дека театарот не е млад, не е отворен, ама пострашно е што веќе не е „тој“ театар.

Извор: Слободен печат
Слика: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото