Новороденче-веган одбило цицка

25.09.2015 01:50
Новороденче-веган одбило цицка

Скопје, 25 септември 2015

М.Р. (0), новородено бебе од Скопје, ја одбило цицката на својата мајка уште на првото доење во породилиштето во болницата во Чаир. Тоа при излегувањето од матката на неговата мајка се декларирало како веган, а бидејќи луѓето се животни, тоа категорично ја одбило брадавицата која мајката на сила се обидела да ја стави во устата на бебето.

„ВААААА, ВААААА, ВААААА, МЕЕЕЕЕЕЕЕЕ“, гласеле првите зборови со кои бебето на својата мајка, Александра Симонова, инаку долгогодишна веганка, ѝ ставило до знаење дека повеќе не треба да се обидува со доењето.

Александра рекла дека ќе ја почитува таа одлука, и дека се согласува со своето штотуку родено бебе. Според нејзините зборови, не треба да се присилуваат децата да го прифатат доењето, ако самите одлучат спротивно.

„Во целост ја поддржувам одлуката на ќерка ми. Ова е вистински доказ дека веганите се раѓаат такви, само треба да го почувствуваат нагонот во себе за да почнат да живеат здраво. Постои совршена замена за човечкото млеко“, заклучува Александра.

Според податоците со кои расолага Институтот за испитување на недоењето на бебињата, во Македонија сè повеќе мајки откриваат дека новороденчињата им се вегани, а бројот на оние кои тешко се помируваат со ваквата определба на своите бебиња е занемарлив.

„Дури 98,6 отсто од мајките ја прифаќаат веганската определба на новороденчињата“, вели доктор Ненад Митрески, професор на споменатиот Институт и додава дека е позитивно изненаден од трендот на рано изјаснување на новороденчињата по тоа прашање.

Извор: www.njuz.net