Dreamdoll: Фабрика за секс кукли

25.09.2015 12:48
Фабрика за секс кукли

Во 2014 година, фотографoт Винсент Кеслер ја посетил компанијата и работилница Dreamdoll во Дапигјахм, североисточна Франција, во која се произведуваат реалистични секс кукли.

Кеслер го документирал огромното производство, нагласувајќи го детализирањето при изработката на секоја поединечна кукла кое визуелно ја оправдува нивната висока цена од 6 150 долари. Поради лесната алуминиумска структура куклите тежат околу четириесет килограми и потребна е една недела за да се конструираат.

Со само тројца вработени, во компанијата Dreamdoll во просек се произведуваат околу сто секс кукли годишно, главно за клиенти од Европа. Фотографиите прикажуваат кукли кои се подготвуваат за продажба, а Кеслер визуелно го доловува големото внимание кое му се посветува на секој производ и го користи тој елемент како метафора за личното внимание и грижа кои ќе им бидат пружени на овие кукли откако ќе се најдат во рацете на нивните купувачи.

Извор:www.juxtapoz.com

ОкоБоли главаВицФото