1011 hPa
45 %
17 °C
Скопје - Чет, 28.03.2024 18:40
Во рубриката Инста10мк ја претставуваме активистката Елена Фидановска, која себеси се опишува како поборник за враќање на опцијата на Инстаграм да се објавуваат фотографии фотографирани само од мобилен.
На фотографиите кои таа ги избра за Окно, забележлива е спонтаноста на чинот на фотографирање, простото „зграпчување на мигот“ без претерано да се обрнува внимание на „шминкерскиот“ аспект на сликата, но и склоноста кон документирање на урбаните пејзажи.
Атмосферата која владее на сликите, на кои често отсуствуваат луѓето, е меланхолична - од нив просто зрачи некој специфичен вид „сплин“. Дури и онаму каде што се претставени луѓето, тие не доминираат во кадарот, туку се прикажани како ранливи, речиси изгубени среде градот.