Деветгодишна активистка гради мали засолништа за бездомници

28.09.2015 13:44
Деветгодишна активистка гради мали засолништа за бездомници

Деветгодишното девојче по име Хејли Форд работи на изградба на мали еколошки домови за неверојатна кауза.

Кога првпат го сретнала бездомникот Едвард, во нејзиниот роден град Бремертон во Вашингтон, Хејли и нејзината мајка му купиле сендвич. За малото девоjче, тоа не било доволно. Таа сакала да најде начин да продолжи да обезбедува храна за оние на кои им е најпотребна. Така, девојчето почнало да вложува во градината наречена Hailey's Harvest , во која донира 128 фунти за производство на храна.

Од овој проект Хејли се инспирирала да започне со конструирање на мобилни засолништа за бездомници во нејзината заедница. За да ѝ помогне, нејзината мајка Миранда аплицирала за грант од организацијата Together Rising и на Хејли ѝ биле доделени 3000 долари. Во акцијата се придружила и локалната продавница Lowes, нудејќи попуст од 50% за материјали за развој на неопходните структури.

Планираните домови ќе имаат соларни панели и ќе користат изолација направена од рециклиран тексас. „Не можеме да се сетиме на подобар пример од овој на нашата Хејли. Таа е доказ дека ниту една личност или акт на добрина, не е премалку за да го промени светот“, изјавил основачот на Together Rising, Гленон Дојл Мелтон за Huffington Post.

Со собраните средства, Хејли планира да направи единаесет резиденции за постојан град со шатори во Бремертон, кој се очекува да биде отворен кон крајот на годината.

Моментално таа е на половина пат да го направи првиот дом, кој е наменет за Едвард, човекот кој ја инспирирал да ја започне оваа акција како знак за сочувство кон луѓето кои немаат дом.

Младата активистка се надева дека во текот годината донациите ќе се зголемат на 250 фунти за храна и дистрибуција на 1000 тоалети, 500 женски хигиенски производи, 100 капути, и дека ќе се направат толку засолништа колку што таа може да најде простор за нив.

Едноставно не е во ред да постојат толку многу бездомни лица“, изјавила Хејли за KING 5 News. „Мислам дека секој треба да има место за живеење“.


Извор: www.mymodernmet.com

Слични содржини

Активизам / Јавни простори / Екологија
Активизам / Јавни простори / Живот
Активизам / Јавни простори / Став
Активизам / Јавни простори
Активизам / Јавни простори
Активизам / Јавни простори

ОкоБоли главаВицФото